Полицијата во Куманово алармира за страшно убиство кое се случило во село Гиновце, општина Ранковце. Брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа.
Портпаролот на СВР Куманово – Ивана Младеновска информира дека сторителот вчера е уапсен одкако до МВР стигнала дојава.
„Во текот на вчерашниот ден, во 15:15 часот во село Гиновце, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесетгодишниот Ф.А. од селото Гиновце, Општина Ранковце, постапувајќи по пријава добиена во 14:30 часот, според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат, дваесет годишниот С.Џ. од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа“ – информира Младеновска.
Полицајци излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото.
Од страна на Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршен е увид, телото е пронајдено и по насока на обвинител предадено за обдукција.
По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.