Зеленски: Членство на Украина во ЕУ ќе е симбол на европско единство

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски соопшти дека потврдниот одговор од Европската Унија на кандидатурата на неговата земја за членство ќе биде историски момент за Европа.

„Позитивниот одговор од Европската унија на апликацијата на Украина за членство во ЕУ би бил позитивен одговор на прашањето дали европскиот проект воопшто има иднина“ – рече Зеленски во Киев за време на посетата на претседателката на Европската комисија- Урсула фон Лајен.

Тој вели дека „веќе даде огромен придонес во одбраната на заедничката слобода“.

„Во следните неколку дена Комисијата се очекува да ја објави својата оценка за тоа дали Украина треба да добие статус на кандидат за ЕУ. Киев е благодарен за неодамна усвоениот шести пакет санкции на ЕУ против Русија“ вели украинскиот претседател.