Порака на Шолц од Софија: Поддржувам договор за почеток на преговори на С. Македонија и Албанија со ЕУ

Олаф Шолц – канцеларот на Германија по посетата на Скопје, веднаш замина во посета на Софија. Таму изјави дека силно поддржува постигнување договор за започнување преговори за присоединување на С. Македонија и Албанија во ЕУ.

Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу соседните држави, но нејзиното искуство покажува дека е добро за сите кога ќе се надмине недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите, смета тој.

„Сметам дека има шанса да се постигне напредок. Ќе ја продолжиме дискусијата и размената меѓу нас до крајот на француското претседателство и се надевам дека ќе постигнеме напредок. Јас сум убеден дека заедно ние Европејците, носиме одговорност за ЕУ и за стабилноста на Балканот. Важно е да го искористиме процесот на проширување“ – рече Шолц на прес-конференцијата со Кирил Петков.

Петков, пак, изјави дека дека Бугарија и Германија секогаш гледале на Западниот Балкан во насока на нивно присоединување кон ЕУ.

Премиерот на Бугарија истакна дека владите на двете земји „продолжуваат да работат во таа насока при што бугарската Влада јасно ја иразила својата позиција за условите што треба да се исполнат за да продолжи евроинтеграцијата на Северна Македонија“.