Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија денеска пристигна во Киев во уште една посета посветена на амбициите на Украина за пристапување во Европската унија и реконструкција.
„Се вратив во Киев за да се сретнам со претседателот (Володимир) Зеленски и премиерот (Денис) Шмигал“ – рече Фон дер Лајен известувајќи за нејзината посета.
Таа додаде дека на состаноците ќе се разговара за заедничката работа неопходна за обнова и напредок на Украина на патот кон Европа.
Фон дер Лајен во Украина последен пат беше во април годинава.