„Годишната инфлација е проектирана на 9,7 отсто“
„Фајнанс тинк“ објави дека во првиот квартал од годинава инфлацијата се искачи на 7.7%. Растот на цените е во целост движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата. Според нивните извештаи, годишната инфлација се проектира на 9.7%.
Во првиот квартал БДП се зголеми за 2.4% на годишна основа. Овој раст е остварен на ниска споредбена основа од К1-2021, но е сличен на динамиката од 2021 година, укажувајќи на понатамошна умерена пост-пандемиска консолидација на економските текови.
Има раст од 11.2% во секторите трговија, транспорт и хотелиерство, кои беа најизложени на затворањата на економијата во текот на пандемијата.
Кај останатите сектори, растот е стагнантен.
Од „Фајнанс тинк“ наведуваат дека невработеноста во првиот квартал од 2022-ра понатамошно благо се намали, на 14.8% од претходните 15.2%.
Неизвесноста во економијата значајно се засили по Руската инвазија врз Украина на 24. февруари 2022. Изгледите за растот на Европскиот континент се влошија, а интензитетот на конфликтот укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со првичните прогнози