Мицкоски: Не сме сите исти, излегуваме на протест затоа што не се живее подобро во Македонија!

„Не сме сите исти, излегуваме на протест затоа што не се живее подобро во Македонија“.

Ова денеска г, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ- Христијан Мицкоски во „Стадион“ на Канал 77.

Тој потенцираше дека граѓаните на сите анкети кажуваат дека треба да се излезе и дека државата оди во погрешна насока.

„Поминаа 5 месеци и освен изјави од картончиња јас не можам да кажам што ги одбележа овие 5 месеци на Ковачевски,  не може да се каже дека направил добар потег или реформа. Тоа што беше лошо стана полошо и не можам да издвојам нешто добро и тоа е причината зошто излегуваме на протест и зошто ќе има таков протестен период“ рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде и дека разни структури протестираа и неодговорно е ако граѓаните на анкетите велат дека оваа држава оди во погрешна насока, а вие да молчите.

„Ако не се излезе на протест и не се бараат промени народот ќе мисли дека сите се исти, ќе си велат ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, другите на централно ниво, а народот живее посиромашно“ смета Мицкоски.

Тој изјави дека  Ковачевски не излегол на избори и од државен аспект не застапува политика, туку ги штити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ и ревносно ги спроведува

„Прилично е вешт да ги заштити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ“ вели Мицкоски.