Мицкоски: Има индиции дека марихуаната запленета во Србија потекнува од Македонија

„Според оние информации кои јас ги имам на располагање, постојат такви индиции дека сепак марихуаната потекнува од Македонија, тоа е прво. Второ, во текот на денешниот ден имаме кривична пријава којашто веќе опфаќа 10 лица покрај оние двајца кои се веќе приведени. Ова е само почеток“, рече Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5.

Откако водеше дебата претходните денови со новинарите за потеклото на марихуаната запленета во Србија, премиерот Христијан Мицкоски вечерва рече дека „има индиции дека таа марихуана потекнува од Македонија“. Со тоа тој формално ги потврди изјавите од Србија за потеклото на петте тони марихуана кои ги цитираа овдешните новинари.

„Според оние информации кои јас ги имам на располагање, постојат такви индиции дека сепак марихуаната потекнува од Македонија, тоа е прво. Второ, во текот на денешниот ден имаме кривична пријава којашто веќе опфаќа 10 лица покрај оние двајца кои се веќе приведени. Ова е само почеток“, рече Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5.

На прашањето како дрогата излегла од Македонија и дали била заведена под лажна декларација, премиерот вели дека согласно граничниот систем со едно застанување, на македонско-српската граница има само една проверка на товарот – за влез во Србија го контролираат припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, а влезот во Македонија – македонските. Царината, додава Мицкоски, суди врз основа на царинската декларација.

„Ако вие имате царинска декларација, пломбирано возило – тоа е тоа. Но, од другата страна на границата има начин како тоа да се провери и најверојатно е со таков тип на документ пренесена, но јас не би избрзувал со какви било коментари бидејќи истрагата е во тек“, рече тој.

Тој одговори со „апсолутно да“ – на прашањето дали марихуаната можела да биде пренесена во Србија без да бидат вклучени лица од македонската полиција или царина.

Премиерот смета дека истрагата за случајот ќе доведе до многу важни имиња кои се дел или се поврзани со опозицискиот СДСМ, дел со коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, но и со други поранешни политичари.