(ВИДЕО) Владо Јаневски: Музиката е емотивна храна кога животот ќе нанесе болка

➡Денот на обичниот човек е преполн со прагматични, практични проблеми што треба да се решат. И во тоа едно дневно лудило на социјално општење, во смисла на преживување обезбедување што подобро за фамилијата, за себе една сигурност, за децата, за домот, малку кој размислува за музика, уметност, филмови. ➡Но доаѓаат периоди во секој од тие луѓе каде што одеднаш се случуваат екстремно тажни ситуации и екстремно среќни ситуации. На пример, тој човек којшто е опседнат со дневната борба за својот опстанок и на своето семејство, му доаѓа период кога му умира некој драг, кога му се случуваат лоши работи, кога му е тешко, кога му фали некоја личност, кога е потресен од се, тогаш му треба околу себе да најде некое решение за тоа прашање. ➡И тука доаѓаме ние. Од маргина се ставаме во фокусот. Тогаш доаѓа поезијата во музиката, љубовните текстови, каде што луѓето наоѓаат потврда дека не се сами на овој свет и така им е полесно. ➡Во Гевгелија немам никакви ритуали. Нема ништо во Гевгелија. Јас ја одбрав Гевгелија затоа што знаев дека ќе ми годи што не знам никого, што не се случува ништо и што тоа ќе ми остави 24 часа само за мене. ➡Мојата формула за среќа јас не ја наметнувам никому. Јас не гледам ништо лошо во тоа што мојата формула за среќа не се поклопуваа со туѓата. И затоа Гевгелија ја одбрав. ➡Но оној момент кога сфатив дека мојата сопствена земја ме плука и ме оцрнува за тоа што сум имал лош пласман на Евровизија бев затекнат со реакцијата на луѓето. ➡Кога сфатив дека толку многу плукање ме начека во Македонија, реков ова мора да поминат две години за да изветрее, вели за „Трилинг“, Владо Јаневски.

„Заедничкиот концерт со Бајага беше идеја на ‘Авалон’. Ние договаравме за мој концерт, они договарале концерт со Бајага, и дошле на идеја дека не би било лошо да се спојат тие два програми во едно и на луѓето за карта за еден концерт да им се дадат два. За мене тоа беше многу племенита идеја. Во ова време кога се е само земај, земај, некој да даде двојно за цената на чинење на еден концерт за мене е одлична идеја. Во секој случај публиката профитира“, изјави во „Трилинг“ пејачот и композитор Владо Јаневски.

Фото: Трилинг / Владо Јаневски

„Јас не мислам дека нашата публика се оптеретува многу со нас. Нашата професија е многу специфична и публиката не не мисли многу на дневна база. Има добри и лоши страни. Без премногу филозофски расположен, јас мислам дека публиката си го тера својот секојдневен живот. Ако земеме еден просечен граѓанин, тој животот си го тера со своите дневни проблеми, главоболки, кредити, здравствени проблеми, со децата во школо… Значи денот на обичниот човек е преполн со прагматични, практични проблеми што треба да се решат. И во тоа едно дневно лудило на социјално општење, во смисла на преживување обезбедување што подобро за фамилијата, за себе една сигурност, за децата, за домот, малку кој размислува за музика, уметност, филмови. Денот примарно е со преживување, со егзистенција, создавање.

Фото: Трилинг / Владо Јаневски

-Но доаѓаат периоди во секој од тие луѓе каде што одеднаш се случуваат екстремно тажни ситуации и екстремно среќни ситуации. На пример, тој човек којшто е опседнат со дневната борба за својот опстанок и на своето семејство, му доаѓа период кога му умира некој драг, кога му се случуваат лоши работи, кога му е тешко, кога му фали некоја личност, кога е потресен од се, тогаш му треба околу себе да најде некое решение за тоа прашање. На работното место платата, егзистенцијата се една тема, но кога животот ќе нанесе вакви ситуации – трагични, тешки, болни, човекот се врти околу себе да види дали тоа што тој го чувствува, таа беља и јад, дали некој друг болува од тоа. И тука доаѓаме ние. Исто и со среќните моменти. Кога човек ќе се заљуби, па срцето ќе му пукне од убавина и е среќен што се држи за рака – во таквите моменти доаѓаме ние. Од маргина се ставаме во фокусот, затоа што во такви ситуации луѓето се сецнуваат и се вртат наоколу и викаат „чекај чекај, дали ова што јас го чувствувам е ненормално или има уште некој. Тогаш доаѓа поезијата во музиката, љубовните текстови, каде што луѓето наоѓаат потврда дека не се сами на овој свет и така им е полесно.

Фото: Трилинг / Владо Јаневски

-Така јас ја разбирам мојата професија. Во 90% случаи ние сме маргинална професија. Имав стрико во Хрватска којшто беше пекар. И кога се пресели од едно мало кичевско село во Хрватска, сите кога се враќаше назад за Водици во стариот крај ко прашуваа – „де бе што во Хрватска, па уште и пекар и леб правиш“. И он имаше генијален одговор – „што и да биде. кави генерации на луѓе да дојдат, на луѓето стално ќе им треба леб“. Нашата професија не е од тие професии којашто е неопходна за преживува. На луѓето им треба леб, кров над глава. Но кога ќе се заокружат тие основни потреби и кога ќе наидат на тешки, емотивни ситуации тогаш луѓето се вртат околу себе и бараат дали уште некој е заљубен, како изгледа, и тогаш љубовните песни доаѓаат како потврда дека тие чувства се нормални. Тука доаѓа нашата професија до израз. Не во секојдневниот живот, туку само во ситуации кога на луѓето им треба емотивна душевна храна“, говорејќи околу тоа дали македонската публика знае да препознае квалитет, без разлика дали станува збор за македонска музика или за музика од регионот.

Фото: Трилинг / Владо Јаневски

Прашан зошто чаирскиот сокак, односно зошто ја продал куќата во Чаир и се одлучил пред пет години да се пресели во Гевгелија, Јаневски вели дека Гевгелија многу во склоп со неговите сегашни потреби.

„Не велам некогашни потреби. Пред 15 -20 години мојата тогашна дефиниција за среќа беше – што поголема журка, што поголема забава, што повеќе девојки. Но како што оди времето и работата на себе и оваа нова среќа за која што сега говорам се состои токму во спротивното од порано.

-Во Гевгелија немам никакви ритуали. Нема ништо во Гевгелија. Јас ја одбрав Гевгелија затоа што знаев дека ќе ми годи што не знам никого, што не се случува ништо и што тоа ќе ми остави 24 часа само за мене. Тоа е несфатливо за некои луѓе и затоа избегнувам да разговарам на таа тема, бидејќи се коси со нормалното сфаќање. Но јас секогаш сум бил чудак на некој свој начин. Мојата формула за среќа јас не ја наметнувам никому. Јас не гледам ништо лошо во тоа што мојата формула за среќа не се поклопуваа со туѓата. И затоа Гевгелија ја одбрав. Не познавав никого, немав никакви блиски пријатели, немав ништо во тој свет, но денот е мој и тоа ми е најголемото богатство што го имам, И кога сум газда на сопствениот ден…тоа за мене е неописливо богатство“, вели Јаневски.

Осврнувајќи се на периодот после неговиот настап на Евровизија во 1998-та година, и двете години каде што нема ни трага ни глас од него, како и изјавата дека после смртта на Тоше Проески не сака да настапува надвор Македонија, Јаневски вели дека после Евровизија имало големи превирања.

„Тоше се појави ’98-ма и јас со него добив нова надеж дека сепак е можно нешто. Но оној момент кога сфатив дека мојата сопствена земја ме плука и ме оцрнува за тоа што сум имал лош пласман на Евровизија бев затекнат со реакцијата на луѓето. Јас бев пресреќен на Евровизија. Тие три минути прв пат на таа сцена се пее на македонски јазик. 150 милиони одеднаш слушаат како македонскиот јазик звучи, како Македонецот изгледа. И мислев дека тоа е супер промоција на државата и на себе. Кога сфатив дека толку многу плукање ме начека во Македонија, реков ова мора да поминат две години за да изветрее. Бидејќи мене не ми паѓаше на памет да објаснувам. Значи имав избор – или ќе се впуштев во одење наоколу и објаснување на сите, сфатив дека е илузорно и губење на време да им објаснувам на луѓето дека јас сум имал супер настап, дека песната била одлична и дека поените коишто водат до пласман е друга приказна“, вели Јаневски.

Целото интервју погледнете го во видеото.