Казнети четири градилишта во општина Центар

Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, информираат од локалната самоуправа.

Како што велат, во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“. Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.

-Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор – рече градоначалникот Горан Герасимовски и порача дека надзорите на градилиштата продолжуваат со несмален интензитет како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор.