Бугарскиот премиер Кирил Петков соопшти три услови кои земјава треба да ги исполни за да се тргне ветото. Тоа се почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија и спроведување на Договорот за добрососедство.
За споменување е дека источниот сосед бара Бугарите во Македонија во Уставот да влезат како народ основоположник на државата, а не како малцинство, иако на минатогодишниот Попис во земјава нивниот број изнесуваше околу 3.500.
Бугарија бара македонската страна да го почитува Договорот за добрососедство иако таа неколкупати досега го прекрши истиот. Со него сака да наметне дека Македонија до 1944 година нема своја, туку бугарска историја.
Рамковната позиција, пак, усвоена од бугарските партии содржи 20-тина барања. Најскандалозното од ние е Македонците да признаат дека биле Бугари до 1944 година.
Се бара и усогласување на учебниците по историја и текстовите за 19 и за 20 век, да се презентираат на јазичната норма на која се напишани.
Се бара наместо македонски јазик да се употребува фразата „службен јазик на Р.С. Македонија“.
Официјална Софија бара и земјава да се откаже од поддршка и постоење на македонско малцинство во Бугарија.