Во земјава има 100 невработени доктори на науки!

Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, а евидентирани во Пописот 2021 година, во земјава има вкупно 109.249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование.

Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека 1.545 невработени се со магистратура 60 проценти се жени.

Во земјава има и 100 невработени доктори на науки.

Над половината од невработените или 56 701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование.

Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60 проценти се жени.

Нешто под пет проценти од невработените се без образование или незавршено основно образование.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

По статистички региони, најголем дел од невработените со основно – 27 проценти живеат во Полошкиот регион.

По градови речиси пет илјади или 16 проценти живеат во Скопје, од кои најголемиот дел или над 1 500 во Чаир. Над две илјади невработени со основно образование има и во Гостивар, Тетово и Куманово.

Во земјава има 100 невработени доктори на науки. Над една третина или 36 од нив се на возраст од 30 до 39, по една четвртина се на возраст од 40 до 49 години (26) и од 50 до 59 години (25).

Шестмина се постари од 60 години, додека седум се на возраст од 25 до 29 години.

Од вкупно 100 невработени доктори на науки во земјава, над половината или 52 се во главниот град Скопје.