Замрзнат имотот на 34 руски државјани во Црна Гора

Црногорското МВР соопшти дека замрзнало 44 имоти на вкупно 34 руски државјани против кои претходно се воведени санкции.

Во соопштението објавено синоќа се наведува дека тие го „направиле првиот чекор“ на линијата на стопроцентна усогласеност на Црна Гора со надворешната и безбедносната политика на Европската унија.

„За 44 недвижности Управата за катастар и државен имот донесе соодветни решенија со кои се ограничува располагањето со имотот во Црна Гора на овие лица“ – се вели во соопштението.