Поранешната претседателка на Боливија – Жанин Ањес (54) е прогласена за виновна за организирање државен удар со кој дојде на власт за време на политичката криза во 2019 година, па судот ја осуди на 10 години затвор.
Ањес ја водеше Боливија од 2019 до 2020 година, по Ево Моралес. Таа е прогласена за виновна за носење неуставни одлуки и занемарување на нејзините должности.
Обвинителството соопшти дека Ањес, поранешна десничарска сенаторка, ги прекршила нормите кои го гарантираат уставниот и демократскиот поредок по претседателските избори во Боливија во 2019 година.
Во текот на судењето таа постојано тврдеше дека е жртва на политичка одмазда.