Русија предлага меѓународна администрација за Украина

Москва повторно ја покренува идејата за меѓународна преодна администрација за Украина под покровителство на Обединетите Нации, непосредно пред продолжувањето на разговорите за завршување на војната.

Москва повторно ја покренува идејата за меѓународна преодна администрација за Украина под покровителство на Обединетите Нации, непосредно пред продолжувањето на разговорите за завршување на војната.

Русија е подготвена да разговара за надворешна администрација со САД, Европа и други земји, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин за државната руска новинска агенција ТАСС во Москва.

-Таквиот чекор би овозможил одржување демократски избори во Украина, би донел на власт способна влада со која би можел да се потпише целосно оформен мировен договор, заедно со легитимни документи за идна меѓудржавна соработка – рече Галузин.

Тој посочи дека Владимир Путин дал таков предлог уште во март 2025.

Инаку, меѓународни преодни администрации од страна на Обединетите нации или други сили постоеле по завршувањето на војните или конфликтите на места како Источен Тимор, Камбоџа, Ирак или Косово.