ОБСЕ бара од албанските политички партии да го ревидираат изборниот законик

Меѓународните претставници ги засилија апелите до политичките партии во Албанија да седнат на масата, како комисија за изборни реформи, за да се решат законските празнини и исполнат препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Меѓународните претставници ги засилија апелите до политичките партии во Албанија да седнат на масата, како комисија за изборни реформи, за да се решат законските празнини и исполнат препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

-Ја охрабруваме работата на ад хок комисијата за изборна реформа и се надеваме дека таа наскоро ќе ги продолжи своите активности. Постојат некои проблеми поврзани со изборниот закон, кој според нашата проценка сè уште не е на ниво на потребниот стандард. Ова е препорака што постојано ја повторуваат мисиите на ОДИХР, изјавил Мишел Таран шеф на мисијата на ОБСЕ во Тирана.

Амбасадорот одбил да коментира за пинг-понгот на политичките партии околу реформите, но, рекол дека постои согласност меѓу мнозинството и опозицијата дека изборниот закон мора да претрпи измени.

-Имам впечаток дека пораката на ОДИХР е слушната. Без да навлегувам во политичка дебата, бидејќи тоа не е наша улога, се чини дека сите партии претставени во Парламентот се согласуваат дека реформата е неопходна и дека мора да се работи на нејзино подобрување, рекол амбасадорот, објавија медиумите.

Комисијата за изборни реформи, покрај жешките прашања како што се деполитизацијата на изборните комисии или законот за финансирање на политичките партии, се очекува да работи и на подготовка на албанските институции за одржување избори за Европскиот парламент, во исполнување на обврските што произлегуваат од членството во Европската Унија.