Марина Костова: Новинарството денес е загрозена ретка ѕверка

Јазикот е чудна ѕверка – писателска и новинарска збирка на лични ставови и критички рецензии на Марина Костова издадена деновиве која не планирала да ја издаде.

-Всушнот меракот за текст е она што е заедничко за жанровската содржина на збирката која јас ја нарекувам хибридна збирка бидејќи има куси лични истории , филмски рецензии и есеи , куси записи , интервјуа, и кога ја склопив во едно парче сфатив дека таа жанровска различност треба да симулира еден вид ѕид како кога скролаш на социјална мрежа, вели Марина Костова.

Марина не планирала да пишува книга, но за време на пандемијата, нештата и размислувањата се смениле.

Ако некогаш беше привилегија да се пристапи кон новинарството , како новинар со години и години искуство, ја прашавме Марина каква е состојбата денес?

-Новинарството денес е загрозена ретка ѕверка. За жал мислам дека професијата е во опасност, прво затоа што три децении имаме опаѓање на професионалните стандарди во секоја смисла, имаме дилентантизирање и инструментализирање на професијата од интереси на посткомунистички сопственици и политичари, имаме мрзливо новинарство кое навистина ја поткопува довербата во новинарството (базирано на препишување, непроверка на факти) …кое е поопасно од самите лажни вести-посочи Костова

Целото интервју погледнете го подолу во видеото: