Црна Гора не е далеку од било која идеја која би можела да ја подорби регионалната соработка, рече актуелниот премиер на Црна Гора Абазовиќ во вечерашната емисија на „Трилинг“.
Абазовиќ кажа дека не ја одбиваат иницијативата за приклучување на „Отворен Балкан“ , дека не донеле сѐ уште одлука за приклучување, но сакаат да водат добронамерна политика кон соседите.
„Ако Отворен Балкан може да ни помогне тоа да го воспоставиме како механизам, кој ќе забрза некои работи кои се однесуваат на нашето општо партнерство тогаш ние немаме ништо против тоа“, кажа Абазовиќ.
Неговото излагање погледнете го во видеото подолу.
Ви го пренесуваме и ставот за Отворен Балкан на претседателот на српскиот Форум за етнички односи, Душан Јаниќ.
„Според мене тоа само го забрзува патот на членството, помага да се здружат силите, да се обезбеди функционирање на економијата. Секако не ги решава сите економски проблеми, но вие воведувате европски стандарди, не воведувате некакви трети“, изјави Јаниќ.