Конституиран парламентот на Косово, за претседателка е избрана Албуљена Хаџиу од Самоопределување

Во Приштина вечерва се одржа конститутивната седница на парламентот на Косово на која се потврдија мандатите на избраните пратеници и се избраа претседателот и потпретседателите на законодавниот дом.

Во Приштина вечерва се одржа конститутивната седница на парламентот на Косово на која се потврдија мандатите на избраните пратеници и се избраа претседателот и потпретседателите на законодавниот дом.

За претседателка на косовскиот парламент е избрана Албуљена Хаџију од Движењето Самоопределување предводено од Албин Курти, кое освои најголем број мандати на вонредните локални избори во декември лани.

Хаџиу е избрана со 66 гласа „за“ од 118 присутни во парламентот, 42 гласа „против“ и осум „воздржани“.

Во својот говор пред пратениците, чии мандати беа верификувани на почетокот на седницата, ноизбраната претседателка на косовскиот законодавен дом порача дека нејзина главна задача ќе биде да обезбеди парламентот да функционира достоинствено и согласно законите и Уставот.

„Да се ​​биде на чело на парламентот значи да се служи на Републиката. Парламентот е дом на сите наши граѓани. Функционалниот парламент е предуслов за силна држава и стабилна демократија. Денес, во оваа сала, имаме заедничка задача: праведно да им служиме на граѓаните. Имаме разлики, но имаме и заеднички одговорности“,рече Хаџиу.

По изборот на претседателка, со 104 гласа „за“, три „против“ и шест „воздржани“ пратениците избраа петмина потпретседатели за кои се гласаше како пакет. За потпретседатели се избрани Ардијан Гола од Движењето Самоопределување, Влора Читаку од Демократска партија на Косово, Кујтим Шаља од Демократски сојуз на Косово, Славко Симиќ од Српска листа и Емилија Реџепи од малцинските заедници кои не се српски.

Според Уставот на Косово, претседателката на државата Вјоса Османи сега треба да го назначи мандатарот за состав на нова влада, кој ќе дојде на предлог на партијата или коалицијата што има мнозинство во парламентот.

Во декември минатата година во Косово се одржаа вонредни парламентарни избори бидејќи од редовните избори во февруари лани, новиот парламент остана заглавен неуспевајќи да избере претседател, што го закочи и изборот на нова влада.