Бугарските власти го истржуваат случајот на мистериозен пилот: Прелетал над неколку европски земји

Министерството појасни и дека авионот ги исклучил транспондерите и не одговарал на радио пораки и визуелни сигнали.

Бугарските власти го истражуваат случајот со мистериозниот пилот кој неовластено прелетал повеќе европски земји.

Според Еуроњуз, противвоздушните сили синоќа биле во состојба на готовност откако во воздушниот простор на Бугарија бил откриен помал авион.

Авионот наводно полетал од Унгарија за Полска и Словачка, соопшти министерот за внатрешни работи Боико Расков.

Се верува дека пилотот на крајот слетал недалеку од Црното Море, откако накратко ги прелетал Србија и Романија. Властите на крајот го пронашле авионот на пистата на приватниот аеродром североисточно од Буховци, но авионот бил покриен со церада и немало трага од екипажот.

Министерството појасни и дека авионот ги исклучил транспондерите и не одговарал на радио пораки и визуелни сигнали.

– Авионот во ниту еден момент не беше закана. Но, тој летал на мала височина со мала брзина, што им претставувало проблем на ловците при пресретнувањето – рече министерот.