Неофицијално запленети 27 тони марихуана во вчерашната акција

Македонските безбедносни органи спроведоа акција во која се запленети 27 тони марихуана, поврзана со претходен шверц во Србија, пренесе Независен.

Македонските безбедносни органи спроведоа акција во која се запленети 27 тони марихуана, поврзана со претходен шверц во Србија, пренесе Независен.

Истрагата е насочена кон злоупотреба на лиценците за медицински канабис од страна на компанијата „Алфафарм“, отворајќи прашања за системските пропусти во контролата на овој бизнис сектор.

Операцијата резултираше со одземање на вкупно околу 27 тони марихуана. Активностите беа концентрирани на две клучни локации: Во Скопје, во кругот на поранешната фабрика ОХИС, каде беа пронајдени околу 10 тони дрога складирани во објекти на приватна фирма и во струмичкиот регион, каде во паралелна акција беа запленети дополнителни 18 тони марихуана.Оваа координирана акција вклучуваше десетици полициски возила, камиони и специјални единици, а логистичка поддршка на терен пружи и Царинската управа, додека медицински екипи беа присутни за асистенција при процесирање на материите.

Во центарот на истрагата е правниот субјект Алфафарм ДОО Скопје, компанија регистрирана во 2023 година со основна главнина од околу 529.000 евра. Иако фирмата поседувала лиценца за одгледување и преработка на билки за фармацевтска употреба издадена во 2024 година, истражителите се сомневаат дека огромни количини од производството завршувале на црниот пазар наместо во легалните медицински канали. Анализата на податоците од Централниот регистар открива сомнителни промени во сопственичката структура на Алфафарм само неколку дена пред откривањето на нелегалните пратки во соседна Србија.

На 29 јануари 2026 година, во близина на селото Коњух кај Крушевац, Србија, беа запленети 5 тони марихуана со проценета вредност меѓу 7 и 10 милиони евра. Дрогата била транспортирана под маската на извоз на корнишони, а меѓу уапсените во Србија е и еден од сопствениците на Алфафарм ДОО Скопје. Српските власти и медиумите во Белград потврдија дека пратката потекнува од македонска територија, што иницираше интензивна размена на информации меѓу двете држави преку Обвинителството. Овој транзитен канал бил предмет на повеќемесечна истрага која кулминираше со откривање на магацините во Скопје и Струмица