Подољак: Секој ден умираат до 200 украински војници на фронтот

Денеска е 107-ми ден од руската инвазија на Украина. Украинското Министерство за одбрана соопшти дека воената контраофанзива вратила дел од регионот Керсон на југ.

Украина губи до 200 војници дневно.

Михајло Подољак, висок советник на Володимир Зеленски, изјави за Би-Би-Си дека од 100 до 200 украински војници умираат на фронтот секој ден. Тој вели дека им се потребни западни вооружени системи за да бидат во чекор со Русите во Донбас. Тој вели и дека Киев не е подготвен да ги продолжи преговорите со Москва.

– Русите го исфрлија практично целото ненуклеарно оружје на фронтот, а тоа вклучува тешка артилерија, воздухопловни сили и системи за лансирање ракети – рече тој.