Искрена до срж порака испрати режисерот Милчо Манчевски во пораката снимена за меѓународната конференција Скопски економски и финансиски форум на Министерството за финансии на Македонија.
Видно огорчен од целата ситуација во државата и односот кон македонските режисери, Манчевски посочува дека повеќе пари како поддршка добиле синовите на функционери, отколку тој за неговите познати филмови.
Видеото кое може да го погледнете подолу е насловено како „Непотизам и економија“ .
Милчо раскажа за начинот на кој добил финансии за неговите филмови „Пред дождот“ (7% учество од македонскиот филмски фонд) и „Прашина“ (5%) додавајќи дека тоа се многу помалку пари од она што го добиваа синовите на, на пример познат македонски режисер или синот на поранешен шеф на полицијата или синот на поранешен владин портпарол, истакна Манчевски во своето видео обраќање.