Бугарскиот пратеник од партијата „Има таков народ“ – Станислав Балабанов во изјава на емисија на „БТВ“ презентираше белешка напишана од премиерот Кирил Петков (на Министерски совет) за тоа како да се укине ветото на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.
Балабанов истакнал дека оваа белешка ја напишал Петков на лист од службените тефтери на Советот на министри во возот за Киев, каде оствари средба со украинскиот претседател – Володимир Зеленски.
„Подготвен сум да бидам подложен на детектор за лаги за оваа белешка, а во Бугарија има добри стручњаци за графологија кои можат да докажат дека овој фонт е всушност ракопис на премиерот“ – рекол Балабанов.
Појаснил дека планот на Петков бил прво да го укине ветото, а потоа Македонија да ги исполни бугарските барања.
На прашањето на водителот во емисијата какви се гаранциите дека тоа ќе се случи пратеникот одговорил – „гаранција е Франција“.