
Синер го победи Шелтон и си закажа полуфинале на АО со Ѓоковиќ
Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен во 2026 година.
Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен во 2026 година.
Во четвртфиналниот натпревар, Италијанецот денес го победи Американецот Бен Шелтон во три сета – 6:3, 6:4 и 6:4.
Натпреварот траеше 2 часа и 25 минути. Синер сервираше пет аса, направи две двојни грешки и реализираше три од 12 брејк топки. Шелтон сервираше осум аса, имаше три двојни грешки и не успеа да реализира ниту една од четирите брејк топки.
Во полуфиналето на Австралија Опен, Италијанецот ќе се соочи со 24-кратниот шампион на Гренд слем, Новак Ѓоковиќ од Србија.
Другата полуфинална двојка на Грен слемот во Мелбурн ја сочинуваат Карлос Алкараз (Шпанија) и Александар Зверев (Германија).