Хашим Тачи и Кадри Весели остануваат во притвор
Судот во Хаг им го продолжи притворот за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи и екс-претседателот на парламентот – Кадри Весели.
Косовските медиуми пренесуваат дека таквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26. мај, а денеска е објавена.
Одбраната на Тачи трипати поднесе барање обвинетиот да биде пуштен во домашен притвор или во трета земја, за што понудила и гаранции.
Двајцата екс-функционери се товарат за прогон, затвор, нехумани дела, тортура, убиства и присилно исчезнување на лица, незаконско апсење и лишување од слобода, како и сурово постапување – дела извршени во периодот од март 1998. до септември 1999 година.