Бритни се мажи, родителите и сестра и нема да дојдат на венчавката!
Поп ѕвездата Бритни Спирс (40) денеска се мажи за нејзиниот вереник Сем Асгари, кој е 12 години помлад од неа. Асгари, кој е фитнес инструктор ќе ги размени брачните завети со Спирс пред стотина луѓе.
На венчавката се очекува да присуствува братот на пејачката – Брајан, но нејзините родители Џејми и Лин Спирс, како и нејзината сестра Џејми Лин, најверојатно нема да се појават на церемонијата.
„Дејли Мејл“ пишува дека нејзините родители не добиле ниту покана за свадбата.
Асгари и Спирс се свршија во септември 2021 година.
Бритни веќе беше во брак со Кевин Федерлајн, од кој ги имаат и двајцата синови – 16-годишниот Шон Престон и 15-годишниот Џејден.