
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција до медиумите, говорот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата го оцени како „празен“.
Притоа, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Филипче во говорот за отчет пред Конгресот не објаснил зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија, како и дека не се оградил, ниту кажал лош збор за неговиот ментор Зоран Заев.
„Не објасни зошто СДС сервираше услуги кон Бугарија и Грција, го наметна францускиот предлог, склучи штетен договор со Бугарија а не објасни зошто ги напаѓаат САД, се во политичка војна со Обединетото Кралство“, се вели меѓу другото во соопштението до медиумите.
„Заклучокот е дека за ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче. Проблемот е што тој е штетен за Македонија и нејзините интереси“. се вели во соопштението.