
„Ние сме директни наследници на тие кои во 1944 година имаа храброст да кажат дека тука ќе има држава. Таа државотворност тече низ вените на секој еден од нас. Црвената боја на знамињата не е декор, туку потсетник да ја чуваме републиката тогаш кога другите сакаат да ја поделат, пљачкаат и изолираат“, рече Филипче.
Тој ја опиша СДСМ како клучен коректив и заштитен механизам во општеството.
„СДСМ е имунолошкиот одбранбен систем. Ние сме лекот, ние сме гласот што грми“, порача претседателот на партијата, нагласувајќи дека улогата на СДСМ не е само политичка, туку и историска и општествен„Кога ѝ се спуштал мрак на државата, СДСМ била факелот кој го покажувал патот“, рече Филипче.
„Знам дека во минатото имаше турбуленции. Некои останаа, а некои си заминаа. Но сега сакам да порачам нешто: вратите на СДСМ се ширум отворени за секој социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата. Денеска ставаме точка на раздорите“.
Но, исто така порача дека СДСМ нема време за предавства.
„Кој мисли да биде Тројански коњ на ВМРО-ДПМНЕ, нека си замине веднаш. Немаме луксуз за суети. Нема седење. Нема веќе пишување статуси на Фејсбук. СДСМ излегува на терен. Ќе чукнеме на секоја врата за да ја разбудиме Македонија. Пред нас е борба, со знаење, чесност и со срце. СДСМ е силата која носи промени. Немаме време за страв, туку само за храброст. Надежта има име и се вика – СДСМ“, порача Филипче.
Во говорот беше направена и историска паралела, со оценка дека во клучните и најтешки моменти за државата, СДСМ била таа што го осветлувала патот напред.
„Кога ѝ се спуштал мрак на државата, СДСМ била факелот кој го покажувал патот“, рече Филипче.
Во завршницата, претседателот на СДСМ упати остра критика кон актуелната власт, оценувајќи дека состојбите во државата се „брутално отрезнување“ за граѓаните.
„Ова е собир за спас на македонското достоинство. Погледнете што се случува надвор. Што ни донесоа овие на власт – тоа е брутално отрезнување. Ни ветија гордост, а нѐ донесоа до питачки спас“, изјави Филипче, порачувајќи дека СДСМ останува подготвена за борба за државата и за граѓаните.