Генчовска поднесува оставка од министерската позиција

Теодора Генчовска – министерката за надворешни работи на Бугарија изјави дека денеска до Собранието ќе ја депонира оставката.

Како главна причина за оставката се наведуваат наводни разговори на премиерот Кирил Петков со европски партнери како да се заобиколи ветото за Македонија. Ова доаѓа откако вчера лидерот на „Има таков надор“ – Слави Трифунов најави дека ќе ги повлече своите министри од Владата на Петков (меѓу нив и Генчовска) поради две причини – спорот со Македонија и празниот буџет на земјата.

Генчовска потенцира дека премиерот Петков на средбите со европските лидери разговарал како да се заобиколи бугарското вето за Република Северна Македонија.

„Министерството за надворешни работи е совршена институција. По секоја средба има стенограми. Тие според содржината имаат различна класификација и по потреба може да се покажат. Надворешната политика не треба да зависи од политичките партии“, рече Теодора Генчовска.