ССК: „Отворен Балкан“ е важен, акцентот е на забрзување на протокот на луѓе и стоки!
Трајан Ангелоски – претседателот на Сојузот на стопански комори вели дека иницијативата „Отворен Балкан“ е исклучително важна бидејќи ќе ја унапреди економската соработка во регион, што сега е потребно повеќе од кога било порано/
„Ние како претставници на бизнис заедницата ставаме акцент на забрзување на протокот на луѓе и стоки што е од особено значење за непречено одвивање на деловните активности. Во таа насока истакнуваме иницијатива за воспоставување на зелена линија за движење на патници и туристички автобуси во земјите кои се дел од „Отворен Балкан“ – вели Ангелоски.
Претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот – Аркан Керим појасни дека иницијативата се однесува на организираните туристички автобуси за кои би се овозможило брз проток на граничните премини во земјите од „Отворен Балкан“ како и за организирани туристички посети кои доаѓаат од трети земји.
„ Автобусите сега се задржуваат на граничните премини два до три часа што е навистина загубено време. Ова е проблем на речиси сите гранични прекини. Затоа и ја истакнуваме оваа иницијатива која ќе има значаен позитивен ефект. Туроператорите или туристичките агенции кои ги организираат патувањата ќе имаат обврска една недела пред патувањето да ги информираат граничните служби за личните податоци на патниците како име и презиме и бројот на патната исправа“ – вели Керим.
Претставниците на Сојузот во рамките на самитот остварија средби со високите претставници на државните институции од другите земји како и со претставниците на стопанските комори на кои меѓу другото акцент се стави на големиот потенција за развој на туризмот.