Кралско збогување со публиката во Нант синоќа имаше селекторот на македонската ракометна репрезентација – најдобриот ракометар на Македонија, Кирил Лазаров.
Тој го одигра последниот натпревар пред фановите на францускиот тим, а раководството на клубот го испрати како крал.
Сите фанови имаа круни во чест на Лазаров, а тој седна на престол со круна на главата и заедно со своето семејство го гледаше посебното видео подготвено за последниот меч пред домашните фанови.
Соиграчите на Лазаров носеа посебни маички во чест на македонскиот ракометар, на крајот тој заврши во нивните раце. Беше испратен со овации.
Последниот меч во својата кариера ќе го одигра овој викенд против ПСЖ во финалето на Купот на Франција.
— dribling.mk (@dribling2021) June 9, 2022