„Демократијата е важен елемент за иднината на Америка“.
Ова е оценката на американскиот претседател Џо Бајден искажана на отворањето на големиот регионален состанок во Лос Анџелес.
„Нашиот регион е голем и разнолик. Не сме секогаш согласни за сè. Но, поради тоа што сме демократија, пристапуваме кон нашите разлики со меѓусебна почит и дијалог“ рече Бајден.
На Самитот на американските држави ги немаше претседателите на Мексико, Гватемала, Боливија, Хондурас.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ѝ забележа на Белата куќа поради тоа што ги исклучи Куба, Никарагва и Венецуела.
Американската администрација, пак, одлуката ја оправда со „сомнежот” за „недостиг од демократски простор и од почитување на човековите права”.
Бајден го пофали воспоставувањето на „Американското партнерство за економски напредок” за да се поттикне поинклузивен раст во Латинска Америка.