Автобуската несреќа во Бугарија и пожарот во модуларната во Тетово пред собраниска Постојана анкетна комисија

Случувањата поврзани со автобуската несреќа што се случи во Бугарија, кај Перник и информација за состојбите и преземените активности во случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово денеска се на дневен ред на седницата на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Информацијата за автобуската несреќа е побарана од Министерството за транспорт и врски, на барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири.

Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.