Авион на американската морнарица се урна во јужна Калифорнија

Воен авион се урна во јужна Калифорнија, соопшти портпарол на американската морнарица .

Тој не кажа ништо за можните жртви на несреќата, но армијата ги демантираше информациите дека авионот превезувал радиоактивен материјал кога се урнал кај Гламис, на 35 километри од границата со Мексико.

„Можеме да потврдиме дека авион на американската морнарица се урна во близина на Гламис“, изјави портпаролот.

„Воени и цивилни спасувачки екипи се на местото на несреќата. Авионот не превезувал радиоактивен материјал, како што може да се прочита на социјалните мрежи“, додаде тој.

Воената база на морнарицата, која се наоѓа недалеку од местото на несреќата во Џума, Аризона, има голем број авиони МВ-22 Оспреј со вертикално полетување.

Американската војска веќе имаше неколку несреќи со овој модел на авион, меѓу кои и вежбата на НАТО во Норвешка во март, при што загинаа четири лица.