Денес на ФЕИТ втора јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач

Втората јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач ќе биде одржана денеска на ФЕИТ.

Како што се соопштува на трибината ќе биде презентиран новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач.

На првата јавна трибина се презентираа заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, се одржа пред пет дена, на 4 јуни, а ја организираше Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). На трибината беа презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од ФЕИТ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

-Главната цел на воведување скалесто тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите, велат од РКЕ и посочуваат дека блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се прим енува иста цена-соопшти тогаш РКЕ.