Маричиќ предложен за претседател на ДИК
Бојан Маричиќ е предложен за нов претседател на Државната изборна комисија, додека актуелниот претседател Борис Кондарко би продолжил да биде дел од новиот состав, но како член, објави ТВ24 повикувајќи се на висок партиски функционер. Според истиот извор, одлуката ја донел претседателот на СДСМ, Венко Филипче, а предлогот попладнево бил доставен до Собранието.

Овој развој следува по седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата одржана на 12 јануари, на која беше утврдена листата на пријавени кандидати за новиот состав на ДИК. Според официјалните податоци, пријавени се вкупно 16 кандидати – седум за претседател, а дел од нив во апликациите навеле дека се подготвени да ја извршуваат и функцијата потпретседател или член.
Во листата на кандидати, Маричиќ е пријавен како кандидат за претседател или член, додека Кондарко, кој ја предводеше ДИК во актуелниот состав, аплицирал за член.
Комисијата најави дека листата ќе биде доставена до претседателот на Собранието, по што ќе следуваат натамошните процедури за избор на новото раководство и составот на ДИК.
Доколку предлогот добие политичка поддршка и формална потврда во Собранието, тоа би значело промена на врвот на институцијата задолжена за организирање и надзор на изборните процеси во државата.