ТИРЗ Гевгелија ќе биде прва „зелена“ инвестициска зона во земјава

Технолошко-индустриската зона во Гевгелија ќе стане првата „зелена“ инвестициска зона во земјава во чиј фокус ќе биде поддршка на зелените индустрии.

Како што соопштуваат од ТИРЗ , ќе функционира како јавно-приватно партнерство.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски денеска ќе соопшти детали околу структурата и проекциите  поврзани со новата „зелена“ зона. На средба со медиумите, тој ќе информира и дали глобалните политички и економски текови влијаат врз извозот и работата на компаниите во зоните.