Делегација од ЦУК на самит за безбедност во Дубаи

Делегација од Центарот за управување со кризи (ЦУК), предводена од директорот Мухамед Али, учествуваше на World Safety Summit 2026 во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, посветен на безбедноста и управувањето со кризи, кој се одржа во рамките на глобалната One Billion Initiative.

Делегација од Центарот за управување со кризи (ЦУК), предводена од директорот Мухамед Али, учествуваше на World Safety Summit 2026 во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, посветен на безбедноста и управувањето со кризи, кој се одржа во рамките на глобалната One Billion Initiative.

Во рамките на самитот, како што информираат од ЦУК, директорот Али учествуваше на тркалезна маса со претставници од земјите учеснички, каде што имаше обраќање, во кое ја нагласи важноста од јакнење на националните и регионалните системи за управување со кризи, унапредување на меѓународната соработка и потребата од заеднички координиран пристап при справување со современите глобални предизвици. Тој особено ја истакна потребата од континуирано унапредување на институционалната координација, навремената размена на информации и зајакнувањето на капацитетите за одговор при вонредни состојби.

– На самитот, Урим Вејсели, раководител на Секторот за меѓународна соработка во ЦУК, учествуваше во Советот на младите во цивилната одбрана на Дубаи, каде што се обрати во улога на експерт и одговараше на прашања поврзани со поголема вклученост на младите во цивилната одбрана и нивната улога во унапредувањето на кризниот менаџмент. Дополнително, во Советот за вештачка интелигенција на самитот учествуваше и државниот советник за информатика и телекомуникации Игорче Карафиловски во својство на Chief AI Officer за Република Северна Македонија. Во рамките на ова тело беа дискутирани можностите за унапредување на ефикасноста на кризниот менаџмент преку примена на современи ВИ-технологии, како и потребата од изработка на стратегија за дигитална отпорност – соопшти ЦУК.

Според ЦУК, учеството на делегацијата на Центарот за управување со кризи на World Safety Summit 2026 претставува силна потврда за активната улога и посветеноста на земјава во глобалните процеси за безбедност, дигитална трансформација и управување со кризи.