
Данска го зголемува военото присуство на Гренланд
Данска го зголемува своето воено присуство во и околу Гренланд и одлуката стапува во сила веднаш, се вели во заедничкото соопштение на данското Министерство за надворешни работи и Министерството за надворешни работи и истражување на Гренланд.
Данска го зголемува своето воено присуство во и околу Гренланд и одлуката стапува во сила веднаш, се вели во заедничкото соопштение на данското Министерство за надворешни работи и Министерството за надворешни работи и истражување на Гренланд.
Потегот е поврзан со воени вежби кои вклучуваат авиони, бродови и војници, а ќе се спроведува во блиска соработка со сојузниците од НАТО. Соединетите Американски Држави се заканија дека ќе го преземат арктичкиот остров, при што не е отфрлена ниту опцијата за употреба на сила, пренесе ДПА.
Целта е да се тренира распоредување под специјалните услови на Арктикот и да се зајакне присуството на НАТО, се вели во соопштението. Гренланд е полуавтономна територија на Кралството Данска.
Активностите на вежбата би можеле да вклучуваат поддршка за гренландските власти, како што е полицијата, мониторинг на критичната инфраструктура, распоредување на борбени авиони во и околу Гренланд, извршување на поморски задачи, како и прием на сојузнички трупи, се додава во соопштението.
Причината е што „безбедносните тензии се проширија дури до Арктикот“, соопштија министерствата.
Објавата дојде непосредно пред средбата на данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд Вивијан Моцфелд со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД Џеј Ди Венс во Вашингтон.
Владите на Данска и Гренланд јасно ставија до знаење дека продажба или анексија на територијата од страна на Соединетите Американски Држави е неприфатлива.
Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека доколку американската влада ги спроведе своите закани тоа ќе значи крај на НАТО.