Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа

- Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Почната е целосна реконструкција на фонтаната, која се наоѓа на влезот од Градскиот парк - место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое, за жал, со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставуваат нова урбана опрема и современо осветление, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните - наведува Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека е почната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк.

– Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Почната е целосна реконструкција на фонтаната, која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое, за жал, со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставуваат нова урбана опрема и современо осветление, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните – наведува Ѓорѓиевски.

Според него, ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти.

– Простор на кој генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува. Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски! – изјави Ѓорѓиевски.