Раскол? Лимани место на координација на „Влен“, отишол на забава на ВМРО-ДПМНЕ

Според последните информации, јазот станал очигледен денеска, кога Лимани направил потег кој се толкува како дефинитивно вртење грб на матичната коалиција.

Сериозни политички турбуленции се случуваат во коалицијата ВЛЕН. Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, најверојатно ги напушта редовите на коалицијата и преминува кон партнерот во Владата, ВМРО-ДПМНЕ, пренесе 4њуз.

Според последните информации, јазот станал очигледен денеска, кога Лимани направил потег кој се толкува како дефинитивно вртење грб на матичната коалиција.

Лимани денеска не се појавил на координативната средба на владините функционери од редовите на ВЛЕН. Додека тие заседавале, тој присуствувал на новогодишен коктел организиран од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.

Според партиски извори, ова не е изолиран инцидент. Се тврди дека Лимани веќе подолго време делува надвор од инструкциите и партиската политика на ВЛЕН.
Неофицијално, трпението на ВЛЕН е при крај и тие веќе упатиле барање до премиерот Христијан Мицкоски да биде разрешен од министерската позиција или официјално да се смета како кадар на ВМРО-ДПМНЕ и да не влегува во квотата на ВЛЕН.