
Петков: Подготвени сме за малцинска влада!
Премиерот на соседна Бугарија – Кирил Петков откако беше обелоденето дека Слави Трифонов и „Има таков народ“ излегуваат од бугарската Влада најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“.
„Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор“ рече Петков на прес-конференција.
Инаку, Трифонов најави повлекување на министрите од неговата партија од Владата со образложение дека „министрите на `Продолжуваме со промената` не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност“.