Албанскиот премиерот Еди Рама денеска прими трета доза вакцина против Ковид 19 и притоа апелираше до сите вработени во државната администрација да се вакцинираат затоа што „ќе дојде денот кога нема да можат да одат на работа“.
„Вработените во администрацијата треба да се вакцинираат затоа што може да дојде моментот кога треба да ги спречат да одат на работа без да имаат онлајн вакцинална картичка и да не добиваат плата од данокот на граѓаните, затоа што не сакаат да се вакцинираат. Исто така им порачувам на сите граѓани да се вакцинираат зашто може да дојде време да не може да влегуваат во маркети и продавници, на сите што имаат дуќани може да дојде време кога ќе им се затвори продавницата. Не разбирамм зошто некој не сака да се вакцинира, особено денес кога цел свет е загрижен поради новата варијанта, кога сигурно е дека вакцината заштитува“ рече премиерот Рама.
Премиерот ги повика луѓето да и веруваат на науката, а не на онлајн заблудите.
Kомитетот за справување со пандемијата во Албанија одлучи вакцинацијата, освен за здравствените, просветните и универзитетски работници и студентите, задолжителна да биде и за вработените во јавната администрација, во супермаркети и трговските центри.