Фрчковски: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нов скандал за, како што тврдат, сомнителни тендери. Преку дигиталната платформа МИЦКО.мк, до АКТ биле доставени нови информации од граѓани за фирма за која, според СДСМ, веќе било говорено и кои денеска јавно се објавуваат.

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нов скандал за, како што тврдат, сомнителни тендери. Преку дигиталната платформа МИЦКО.мк, до АКТ биле доставени нови информации од граѓани за фирма за која, според СДСМ, веќе било говорено и кои денеска јавно се објавуваат.

Станува збор за компанијата „Пирамид билдинг солушнс“, која, како што изјави на денешната прес-конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, била фаворит за добивање тендери во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците на СДСМ, од 2022 година, односно од последните локални избори до денеска, оваа фирма добила вкупно 51 тендер во општини каде што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, во вкупна вредност од околу 16 милиони евра.

Фрчкоски посочи дека најголем дел од тендерите се добиени во општина Аеродром – вкупно 22, во Гази Баба 10, како и во Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија и други општини со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Дел од овие тендери, како што беше наведено, биле финансирани и со средства од унгарскиот кредит.

„Додека парите завршуваат кај фирми блиски до власта, граѓаните плаќаат – и тоа со камата“, рече Фрчкоски, додавајќи дека последниот тендер бил склучен во декември 2025 година со Град Скопје, во вредност од околу 320 илјади евра, кратко по преземањето на функцијата градоначалник од страна на Орце Ѓорѓиевски.

Тој оцени дека станува збор за уште еден пример на, како што рече, распределба на тендери по партиски клуч. Според наводите на свиркачите кои ги доставиле информациите преку платформата МИЦКО.мк, брачни партнери на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ наводно биле ангажирани и на платен список на компанијата, преку договори за дело. Од СДСМ велат дека овие информации сè уште се проверуваат и дека дополнително ќе бидат објавени.

Фрчкоски упати прашање до Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата дали ќе продолжат да молчат или конечно ќе постапат по, како што рече, скандалите што ги објавува СДСМ. Тој потсети и на други случаи со десетици тендери и милионски суми, за кои, според партијата, сè уште нема институционална реакција.

„На сите треба да им биде јасно дека одговорност ќе има, порано или подоцна. Работата не е завршена“, порача Фрчкоски.