Еден загинат и 30 повредени луѓе е епилогот по страшната несреќа која се случи денеска пред стоковнта куќа Ранкештрасе во Шарлотенбург, Берлин откако автомобил влета во маса луѓе во близина на црква.
На местото на несреќата веднаш пристигнала полицијата и пожарникари, како и и тимови на итната помош.
На социјалните мрежи се појавија и снимки од местото на инцидентот:
#SonDakika Berlin'de bir otomobil kalabalığın arasına daldı… Bir kişi öldü, onlarca kişi yaralandı pic.twitter.com/RyzfWwcHs3
— 24 TV (@yirmidorttv) June 8, 2022
Германската полиција потврди дека осомничениот веќе е во притвор, но се уште не е познато дали сударот бил намерен или во прашање е сообраќајна несреќа.