Владата на Хрватска донесе мерки за ублажување на растот на цената на горивата. На завчерашната владина седница била донесена одлука со која за 50 литарски резервоар заштедата за бензин е околу 114 куни (околу 1,6 евро), а за дизелот 134 куни.
„На седница донесовме нови мерки за ублажување на растот на цената на горивата и ударот по стандардот на граѓаните. Со намалување на висината на расходите и ограничување на висината на маржите, воведуваме 14-дневен период за утврдување на цените на нафтените деривати“ – напиша премиерот Андреј Пленковиќ на Фејсбук.
Сега, во Хрватска цените на нафтените деривати ќе се менуваат на секои 14 дена, што значи поголема сигурност и стабилност за домашниот буџет на граѓаните.
„Со ваков начин на пресметка ќе се донесе максимална заштеда за граѓаните. Ова е поповолно за граѓаните“ – порача Пленковиќ.
Ваквите мерки ќе важат 30 дена, по што Владата, како што е најавено, повторно ќе ја процени состојбата и одново доколку има потреба, ќе реагира.