Рама: Пријатели од С. Македонија, не се нервирајте, Бугарија за некое време ќе си најде друга „кукла“!

„Драг Димитар и пријатели од Северна Макеоднија сега е времето да завршите со овој стрес, не викнаа, не нè викнаа. Време е да си ги средиме работитете тука, а на Бугарија кога ќе и се здосади од оваа игра ќе ја фрли оваа „кукла“ и ќе најде друга, и ќе се отворат преговорите. Ова се само почеток на преговори, а тие ќе завршат кога актуелниот бугарски премиер ќе биде дедо, стар човек“.

Ова меѓудругото го рече претседателот на Албанија, Еди Рама во своето обраќање на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид.

Тој го искажа својот став и за Европската Унија и за, како што ја нарече „свадбата“.

„Велам свадба затоа што секогаш кога доаѓа овој Европски совет, ние се подготвуваме како за свадба. Јас сум кажал и порано. Албанија веќе не се подготвува за таа свадба. Ако не поканат, ќе си дојдеме како што сме си облечени. Нема да се облечеме свечено, нема да нарачаме посебен оркестар, да дојдат сватовите и да не остават сами со невестата, бидејќи  не доаѓа зетот да ја земе“ вели Рама.

Според него „Отворен Балкан е маж, а невестата е Европската Унија“.

„Ова е лошо за нас. Да бевме ние невестата, ќе не земеа побргу. А, кога си маж со толку големи проблеми и минато, убиства… тоа е голем проблем. Но нашиот пат е многу јасен, ние сакаме Европа да ја изградиме овде. Што значи тоа? Да изградиме наши системи за функционирање на државата, стопанството. ..и потоа, кога тие ќе сакаат свадба да направат, ние ќе бидеме подготвени. Затоа на пријателите од Северна Макеоднија им велам „не ја земајте со голема нервоза и стрес оваа свадба“, ни го пренесувате стресот. Ве гледаме, нема да ве земат. Завршено е. Бугарија сега излегла, а Бугарија е маж за себе, не е убава жена, и таа е маж со проблеми“ – изјави Рама.