Во главниот град на Турција се сретнаа министрите за надворешни работи на Русија и Турција Сергеј Лавров и Мевлут Шавушоглу.
„Министерот Лавров пристигна на разговори со Чавушоглу. Преговорите се започнати“ – објави тв каналот „ТРТ Хабер“.
По средбата, според информациите е планирана заедничка прес-конференција, а се очекува главна тема на разговорите да биде ситуацијата во Украина.
Лавров и Чавушоглу ќе разговараат за можното решение на проблемот со извозот на украинското жито и за изгледите за продолжување на руско-украинските преговори, во кои Турција претходно дејствуваше како посредник.