Зеленски: Украина ќе ја врати цела територија што е окупирана од руски сили!

„Украина ќе се бори да ја врати целата нејзина територија што е окупирана од руските сили“.

Ова е пораката на украинскиот претседател – Володимир Зеленски додека украинските сили се борат да го задржат источниот град Северодоњецк.

Последните информации се дека во регионите Доњецк и Луганск, руските војници пукале во повеќе од 16 населени места, а украинските бранители одбиле 11 непријателски напади.

Од украинска страна тврдат дека уништиле три руски тенкови, пет артилериски системи, неколку возила и три складишта за муниција.

Единиците за воздушна одбрана соборија два дрона на небото над Донбас, соопшти украинската војска.

Зеленски претходно рече дека украинските сили сè уште се држат во Северодоњецк и покрај тоа што се помалубројни од руската војска.