За американските визи ќе одлучува сопственичка на салон за убавина и адвокат

Претседателот Доналд Трамп ја назначи Мора Намдар, адвокатка и сопственичка на салон за убавина, за помошник државен секретар за конзуларни работи, надгледувајќи го одобрувањето на визи, издавањето пасоши и благосостојбата на американските граѓани во странство, објави „Дејли бист“.

Претседателот Доналд Трамп ја назначи Мора Намдар, адвокатка и сопственичка на салон за убавина, за помошник државен секретар за конзуларни работи, надгледувајќи го одобрувањето на визи, издавањето пасоши и благосостојбата на американските граѓани во странство, објави „Дејли бист“.

Таа служеше на таа позиција некое време за време на првиот мандат на Трамп. Намдар, чии родители се ирански имигранти, беше задолжена за надворешната политика на САД на Блискиот Исток и Северна Африка во агенцијата.

38-годишната Намдар изјави пред сенатскиот комитет дека ќе доделува американски визи само на оние кои ги исполнуваат условите и дека лицата кои не ги почитуваат законите на САД ќе ја изгубат привилегијата да поседуваат виза.

Во својата изјава, Намдар го цитираше државниот секретар Марко Рубио, па се чини дека го поддржува неговиот став оти критикувањето на Израел и пропалестинските ставови претставуваат закана за САД и може да резултира со одбивање или поништување на визата.

Пред да влезе во политиката, Намдар водеше адвокатска фирма, а исто така започна и бизнис за козметика, „Бам бјути бар“, со синџир салони низ целиот нејзин роден Тексас, објави „Дејли бист“.

По унапредувањето, таа повеќе нема да биде активна во својата адвокатска канцеларија, според објава на Инстаграм.

Намдар е исто така автор на дел од нацртот на „Проектот 2025“ за независна американска Глобална медиумска агенција, одговорна за следење на медиумските мрежи во земјите каде што слободата на печатот е најограничена, во кој таа ја обвини агенцијата, вклучувајќи ги Гласот на Америка и Радио Слободна Европа“, за лошо управување и повика на реформа на агенцијата или нејзино затворање поради безбедносни ризици поврзани со шпионажа.

„Проектот 2025“, од кој Трамп се обиде да се дистанцира, ги обвини медиумите и академијата дека се „центар на левичарска моќ“. Според „Columbia Journalisam Review“ администрацијата имплементирала околу половина од целите на проектот.